Додека актерките Ема Стоун и Џенифер Анистон го прославуваа нејзиниот освоен Оскар во 2015 година, немаше назнаки дека тие недолго потоа ќе го делат истиот маж.
Сега, сепак, се подгреани сомнежите дека Ема Стоун и Џастин Теру се страсни љубовници, а изминатиот викенд се снимени на фрацускиот брег.
Иако гласините со месеци се се погласни, ни Ема ни Џастин јавно не се изјаснуваа за својот однос, чувства…
Без оглед на тоа што Џенифер и Џастин се минато, сепак, се поставува прашањето дали тој и Ема се гледале зад нејзиниот грб, и дали евентуалната блискост и чувства постоеле и кога Џенифер и Џастин биле во брак.
Оскаровката и 17 години постариот Џастин последните месеци се почесто се заедно на различни настани.
Тие беа на Мет гала балот, на забавата на Ријана, а некои папараците успеаја да ги снимат заедно, што послужи како доказ дека токму Ема и Џастин се најновата холивудска двојка. Минатата недела беа на модната ревија на марката „Луј Витон“ во Париз, а викендот го зачинија со сончање и капење на француската ривиера.
Всушност, и без официјалните изјави сосема е јасно дека меѓу нив постои блискост, дека се опуштени и дека уживаат во заедничкото друштво.
ФОТО: Инстаграм