БДП со раст од 0,1 отсто во првиот квартал

92

Бруто домашниот производ во првиот квартал годинава забележал стапка на раст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика. 

Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите  уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10,5 отсто и стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8,5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2018 година, номинално растел за  четири отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...