Бајден признат за лидер кај демократите во претседателската трка

137
ФОТО: EPA / DAVID MAXWELL

Поранешниот потпретседател на САД и можен претседателски кандидат од Демократската партија победи на гласањето вчера на супер вторник, со што е признат за лидер во трката.

Според 80 отсто преброени гласови во 14 сојузни држави како и во Американска Самоа, територија под управа на САД чии жители учествуваат во прајмерис но не гласаат на претседателските избори, Бајден победил во девет. Неговиот главен конкурент, независниот сенатор Берни Сандерс, извоил сигурна победа во три сојузни држави, и најверојатно во Калифорнија, најголемата сојузна држава во САД, како што се гледа од 79 отсто преброени гласови досега.

Победата на Бајден е најмногу во јужните држави со изненадувачки пробив во Мејн и Масачусетс на север, каде се очекуваше превласт на Сандерс.

Така, екс-потпретседателот одигра победа во Тексас со 33.6 отсто добиени гласови од 92 отсто досега обработни разултати. Во Мејн со 33.9 отсто од 91 процент обработени гласови, во Масачусетс со 33.7 отсто од 92 проценти обработени гласови, во Минесота со 38.6 отсто од 100 проценти обработени материјали. Бајден во Северна Каролина и Вирџинија победи убедливо со 43 и 53.3 отсто, од околу 90 проценти преброени гласови во двете држави. Тој победи и во државите од американскиот централен Запад како Оклахома, Арканзас, Тенеси и Алабама.

Сигурна победа Сандерс има во Јута (34.6 отсто, преброени 71 отсто), Колорадо (36.2 отсто, преброени 89 отсто) и во Вермонт (50.8 отсто, преброени 99 отсто). Во Калифорнија, Сандерс води со 33.5 отсто од 79 отсто преборнеи гласови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...