Албанската опозиција во реакцијата за реконструкцијата на Владата оцени дека тоа е само мајтапење со народот и оти денеска паднала Владата на премиерот Еди Рама.
Лидерот на најголемата опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Рама за министер би можел да го назначи и неговот возач или педикир, бидејќи „нема кој да го спречи“. За сменетите министри тој рече дека се корумпирани и инкриминирани и оти тоа што се сменети не е доволно, туку треба да излезат пред лицето на правдата.
– Со денешниот чин, Еди Рама потврди дека не му се потребни министри и оти директно владее со олигарсите и со криминалот. Со ова тој одредува како им се краде имотот и парите на Албанците, со нив владееше пет години и со нив ќе продолжи да владее – истакна Баша
Според него новите министри се мешавина на неспособни, анонимни, а дел и корумпирани лица.
– Но, нивната улога е да послужат единствено како фасада на владеењето на Еди Рама со олигарсите и претставниците на организираниот криминал. Промените во Владата само ја потврдуваат целосната деградација на Социјалистичката партија, дури промените самите по себе ја покажуваат тешката психичка состојба на Еди Рама – обвини Баша.
Експресно на тоа иронично му одговори Рама велејќи „се извинувам не го сменив и Љуљзим Баша“.
Лидерката на третата по големна партијата во земјата, опозицисокото Социјалистчко движење за интеграција, Моника Круемади изјави денеска дека паднале и Владата и премиерот.
– Апелирам до сите чесни социјалисти да реагираат и да ја земат судбините на партијата во свои раце. Ако не го сторат тие, тоа ќе го направат Албанци – порача Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета.
Според неа Рама денеска сменил дел од машината за дрога, но заборавил дека треба да ја оддалечи и машината за криминал.
Претседателот Мета за реконструкцијата на Владата наведе дека за него од суштинско значење е да се смени филозофијата на владеењето, но доколку тоа не се постигне промените во составот на Владата немаат вредност.