Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, во првичната реакција по оставката на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, оцени дека тоа е почеток на падот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот.
Тој додаде дека заминувањето на Џафај, кој, како што наведува, е единствен прв човек на полиција во Европа, чиј брат е нарко шверцер, претставува „значаен чекор на опозицијата во прочистувење на политиката од криминалот“.
– Со Фатмир Џафај, криминалот ја стави под целосна контрола полицијата и Обвинителството. Но, неговото заминување е само почеток на колапсот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот. Битката за ослободување на политиката, економијата и општеството од криминалот ќе продолжи до победа. Албанците заслужуваат влада која работи за луѓето – посочи Баша.
Албанската опозиција во континуитет, со месеци, бараше оставка од Џафај поради вмешаност на неговиот брат Агрон Џафај во трговија со наркотици, за што е баран од италијанските власти.