Баша: Заминувањето на Рама е национална нужност

118
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER

Опозициската Демократска партија синоќа во Драч организираше собир на плоштадот пред општината во овој албански пристанишен град. Во обраќањето пред насобраните партиски приврзаници и граѓани, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека „Албанците нема да се откажат се додека во Албанија нема вистинска демократија“.

– Дува ветрот на промени, ветрот на слободата што отсекогаш доаѓал од вашиот град. Од сите страни доаѓа надеж за вистинска голема промена за секое албанско семејство. Албанците се разбудија, тие се умни, се побунија и нема да потклекнат се додека во Албанија, не дојде вистинска демократија, слобода и можност за секој граѓанин, правда и еднаквост пред законот. Секогаш кога на еден режим му доаѓа крајот, го повторуваат истото грдо шоу. Вакво грдо шоу вчера во Драч го повтори човекот (Еди Рама) одговорен за најголемо осиромашување на Албанците, главниот крадец на гласовите на граѓаните на Драч и на Албанците, човекот кој им го украде лебот на децата на албанските граѓани, зголемувајќи ги трошоците за живот, рече Баша.

Тој порача дека заминување на „криминалната Влада на Рама“ е национална нужност.

– До неодамна многумина ќе кажеа дека е невозможно да се собере толку многу народ да протестира. Ваков собир со толку многу народ во Драч не се случил до сега. На трпението му дојде крај и единствениот начин е ова што го започнавме заедно. Владата не ни треба за шеги, ни треба да се грижи за проблемите на граѓаните посочи Баша.

Ова е прв голем собир на албанската опозиција во друг град, по седумте масовни протести одржани пред Владата и парламентот во Тирана

FOTO-EPA-EFE-FILIP-SINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...