Баша: Да го испратиме „балканскиот Мадуро“ пред правдата или во политички азил

102

Слобода или смрт, демократија или смрт. Часот на одмаздата на народот се прбилижува, со овие зброови лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша го заврши своето обраќање пред насобраните илјадници поддржувачи на опозицијата и незадоволни граѓани пред албанскиот Парламент.

– Пред нас и зад полицијата е најозлогласената банда криминалци во повоената Европа, предводена од главниот крадец, архитектот на колумбиска Албанија, балканскиот Мадуро, Еди Рама и неговиот криминален тим. Шест години по ред оваа банда ги ограби и ги осромаши Албанците, ги зголеми даноците, цената на енергијата, ги однесе во затвор и самоубиство членовите на семејствата кои не можеа да ги платат сметките, уништија илјадници бизниси, го уништенија здравството, затворија стотици училишта. Ајде да го испратиме „балканскот Мадуро“ пред правдата или во политички азил – рече Баша.

Тој порача дека протестите нема да престанат се до соборување на криминалната Влада на Еди Рама, по што со извикувања „Рама оди си“ демонстрантите од пред Парламентот се префрлија и сеуште се таму, пред Министертвото за внатрешни работи, каде се бара ослободување на притворените од претходните протести.

Демонстранти ја обоија зградата на Министерството со црн спреј.

Денешниот седми по ред протест на опозицијата беше тензичен, со обиди за насилно влегување во Парламентот, каде што се одржуваше пленарна седница, фрлање димни бомби и тврди предмети врз полицијата, директни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Има повредени инеколку полицајци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...