Годинашното издание на „Баскерфест“ ќе се одржи од 12 до 17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
На 13-тото издание на фестивалот на улични изведувачи ќе учествуваат 30 улични артисти од разни краеви на светот, во театарот под отворено небо, шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.
Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.
Фестивалот е поддржан од град Скопје.