Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, утрово во Европскиот парламент порача дека е прерано да се проценат последиците од синоќешното отфрлање на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.
– Прерано е да се проценат сите последици од ова гласање, секогаш сме ја почитувале и ќе продолжиме да ја почитуваме демократската парламентарна дебата во Обединетото Кралство и нема да шпекулирам за различни сценарија. Она што вчерашното гласање го покажа е дека политичките услови за ратификацијата на Договорот за повлекување сѐ уште не се присутни во Лондон – изјави Барние.
Тој додаде дека треба да се продолжи да се бара пат напред за Брегзит и дека сега повеќе од било кога ЕУ стравува од неуредно истапување на Велика Британија од Унијата.
ФОТО: EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ