Барние: Договорот за Брегзит е чесен и разумен

85
EU-EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ.jpg

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние го поздрави постигнатиот договор, во последен момент, за излез на Велика Британија од Унијата, оценувајќи го како „чесен и разумен компромис“, кој ги штити европските интереси.

– Постигнавме договор, кој е праведен, разумен и одговора на нашите принципи – истакна Барние пред новинарите.

Сепак, тој повика на претпазливост, бидејќи договорот треба да биде ставен на гласање во британскиот Парламент.

Досега пратениците во Лондон трипати ги отфрлаа договорите за Брегзит.

ФОТО: EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...