Педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори по семејна медицина и гинеколози како и медицински сестри и недостасуваат на Хрватска. Проценките се дека место има за 2.000 доктори и 12.000 медицински сестри.
Според регистерот на медицински сестри Хрватска моментално има 40.224 медицински сестри и техничари. За исполнување на европските стандарди на Хрватска и недостасуваат уште 12.000.
Хрватската лекарска комора тврди дека лекарите во јавниот сектор годишно одработуваат 3 милиони прекувремени часови што отвора можност за вработување на 2.000 лекари.
Податоците на комората се дека во јавниот сектор работат над 13.600 лекари. Од нив, 13.342 се вработени со полно работно време, додека 271 се лекари во пензија, кои работат до четири часа. Проценски се дека наредните 10 години во пензија ќе заминат 4.000 доктори.
Деновиве се водат и преговори за зголемување на платите на медицинскиот кадар во земјата. Лекарите во оваа земја заработуваат месечно по околу 2.000 евра, а имаат и бонуси. За странците кои се нафаќаат да работат во Хрватска, според огласите за вработување, се нуди и сместување.