Барателите на азил во Унгарија не добиваат храна

За време на процедурата кандидати биле држени во затворена транзитна зона на границата на Унгарија со Србија и на дел од нив не им била давана храна.

75

Унгарските власти почнале да принудуваат кандидати за азил да се откажат од барањата со тоа што ги лишувале од храна, соопшти невладина организација.

Мерката била насочена кон луѓе кои се жалеле за отфрлањето на нивните молби за добивање азил, соопшти унгарскиот Хелсиншки комитет.

– За време на процедурата кандидати биле држени во затворена транзитна зона на границата на Унгарија со Србија и на дел од нив не им била давана храна.На нив не им било дозволено да влезат во Унгарија, но, унгарските власти им дозволувале враќање во Србија во секое време.Тоа е нечовечко однесување и апсурдна правна ситуација – додава невладината организација.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан зазеде цврст став против бегалците и мигрантите за време на миграциската криза 2015-2016 година. Унгарија е првата држава која запре мигранти да влегуваат на нејзина територија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...