Иако Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник, Алекс Родригез, се планетарно популарни и познати личности, некои работи успеваат да изненадат.
На новопечените свршеници, свршувачката ја им честитал и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
Обама лично напишал писмо во кое им посакува сè најдобро, а Родригез не можел да одолее да го сподели на социјалните мрежи.
„Џенифер и Алекс, Мишел и јас сакаме да ви честитаме за свршувачката. По 26 години заедно, можеме да кажеме дека какви и предизвици да ни носи животот, делењето на истите со некој кого го сакаш, прави да изгледаат полесни. Сè најдобро, Барак Обама“, стои во наведеното писмо.
Родригез под фотографијата додал: „Ова неописливо многу ни значи“.
Џеј Ло сè уште лично не го објавила писмото, но тоа е веројатно поради тоа што Алекс веќе со сите ја споделил оваа чест, на Твитер, Инстаграм и Фејсбук.
ФОТО: EPA/NINA PROMMER
FOTO: Instagram/Printskrin