Банкнотата од 500 евра оди во историјата, но и натаму е платежно средство

1161

Седумнаесет од 19 централни банки во еврозоната од 27 јануари повеќе нема да издаваат банкнота од 500 евра – соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

За да се обезбеди непречена транзиција, но и од логистички причини, Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе продолжат до 26. април оваа година да ја издаваат таа банкнота.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...