Банкарски Робин Худ избегна затворска казна

310

Менаџерот на банка во Италија, Џилберто Баскијера, кој крадел од богатите клиенти за да им даде на сиромашните, нема да оди во затвор поради своето дело, но ги изгубил работата и домот.

Баскијера бил менаџер на банка во гратчето Форни ди Сора, од каде што за седум години украл околу милион евра од сметките на богатите клиенти и парите ги префрлал на сметки на оние што не ги исполнувале условите за кредит. За себе тој не зел пари, а казната му е изречена по спогодба со обвинителството.

Бидејќи ова му бил прв прекршок на Џилберто Баскијера, казната затвор е релативно куса (2 години), но во согласност со законот нема да мора да оди во затвор. Сепак, човекот ги изгубил работата и куќата. Инаку тој, за време на економската криза во 2009 година, на граѓаните што доаѓале по кредит, а немале услови за тоа, им префрлал пари од други сметки, како би можеле да добијат кредит. Клиентите се согласувале да ги отплатат парите што поскоро можат, но некои не успеале, поради што Џилберто и е разоткриен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...