Банкарите финансиски ќе го образуваат населението

Во рамки на соработката се предвидува и зајакната координација во доменот на следењето, едукацијата и евентуалната примена на финансиските иновации во рамки на банкарскиот сектор, кои отвораат многу предизвици истовремено и за регулаторите, и за банките и за клиентите.

155

Народната банка (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) заедно ќе го едуцираат населението за покревање на нивото на финансиска писменост, заради подобрување на вештините и способноста за носење издржани финансиски одлуки во практиката. За таа цел НБРМ и МБА денеска потпишаа меморандум за соработка.

„Планирани се  заеднички активности што треба да обезбедат подобра информираност на населението и поголема достапност на банкарските услуги, што би овозможило подобро искористување на предностите што ги нудат банкарските услуги, при истовремено зајакнување и на свесноста на населението за евентуалните ризици во доменот на користењето на банкарските услуги, како многу важен аспект за клиентите на банките“, соопштија од НБРМ.

Во рамки на соработката се предвидува и зајакната координација во доменот на следењето, едукацијата и евентуалната примена на финансиските иновации во рамки на банкарскиот сектор, кои отвораат многу предизвици истовремено и за регулаторите, и за банките и за клиентите.

Покрај овој меморандум Банкарската асоцијација неодамна потпиша и меморандуми за соработка за финансиска едукација и со Министерството за образование и наука (МОН) и Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Во рамки на соработката првпат ќе се организира „Европскиот квиз на парите“ – проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на младите. Република Македонија се вклучува во второто издание на овој квиз, чија основна цел е финансиска едукација на учениците на возраст од 13 до 15 години. Се очекува дека во квизот ќе учествуваат над 40 илјади ученици од 25 европски земји3 појаснуваат од НБРМ.

„Европскиот квиз на парите“ се одвива во две фази – првата се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората е европското финале. Националниот натпревар ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамки на Европската недела на парите. Тим од двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...