Групацијата „Балфин“ ги анализира пазарните можности во Македонија со цел да ги прошири бизнис активностите со линиите за трговија на мало. Врз основа на позитивното искуство на „Балфин“ со меѓународни трговски ланци на пазарот во Албанија, Македонија се вбројува како следна дестинација за инвестирање. Македонија и Албанија имаат слични пазарни услови, а македонската економија се очекува сè повеќе да расте во следните години со перспективите во влез во НАТО и ЕУ.
„Балфин“ почна партнерство со SPAR во Албанија во 2016 година и лансираше мрежа од 40 хипермаркети и супермаркети со план за проширување до 100 маркети во следните години, рангирајќи го SPAR како втора најголема мрежа на супермаркети во Албанија.
Во доменот на трговијата на мало во Македонија, „Балфин“ го набљудува сегментот на супермаркети како еден од најатрактивните сегменти за своја понатамошна експанзија.
Групацијата „Балфин“ е присутна со свои инвестиции во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Холандија и Велика Британија. Во Македонија, ланецот на продавници за бела техника „Нептун“ и проектот „Ист Гејт“ се дел од „Балфин“.