Балкан Брас квинтет во петок во 18.30 часот гостува со свој концерт на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. На концертот во Софија, квинтетот во состав Стојанче Косовски –труба, Гоце Цоневски – труба, Александар Гошев – Хорна, Јавор Костов – тромбон и Бајо Стаев – туба ќе изведе композиции од Владимир Џамбазов, Томислав Зографски, George Frideric Handel, Jeremiah Clarke, Isaac Albéniz, Georg Gershwin, Leonard Bernstein, Georges Bize, Enio Morricone, Sonny Kompanek, Manuel Penella
Дувачкиот квинтет е плод на соработка на музичарите од Македонија и Бугарија и по нивни заеднички настапи во различни состави и ансамбли во двете земји се стигнува до создавање на брас квинтет во 2017 година.