Балетскиот спектакл „Клеопатра“ ќе биде изведен во Македонската опера и балет на 14 и на 17. ноември со почеток од 20 часот.
„Клеопатра“ на реномираниот кореограф Василиј Медведев е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сѐ уште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.
За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, сценограф/костимограф е Павол Јураш од Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција.
Во главните улоги настапуваат првенците: Клеопатра – Александра Мијалкова, Цезар -Васил Чичијашвили (Грузија), Марк Антони – Бобан Ковачевски, Октавија – Марија Кичевска Шокаровска, Змија – Мими Поп Алексова Атанасовска, солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ.
Диригент е Бисера Чадловска.
Билетите може да ги резервирате и купите на билетарница на МОБ: 02 3118-451 или
онлајн: www.mob.mk