Балетската претстава „Шехерезада“ вечерва во МОБ

47

Националната опера и балет вечерва од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Шехерезада“ на музика од Николај Римски Корсаков.

Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија.

– Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили – соопшти НОБ.

Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...