Во Националната опера и балет, на барање на публиката, денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи популарната балетска претстава за деца „Петар Пан“.
Петар Пан е палаво момче, кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров Недојдија како лидер на својата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет, а кореограф е Џејмс Амар од Франција.