Балетот „Самсон и Далила“ вечерва во МОБ

183

Во Македонската опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Ќе настапат и Саша ЕфтимоваЕндру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Сценографијата на претставата е на Зоран Костовски, костимограф Александар Ношпал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...