Балетот „Дамата со камелии“ во НОБ

120

Балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди е повторно на сцената на Националната опера и балет вечер од 20 часот, со првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски во главните улоги.

– „Дамата со камелии“ премиерно беше изведена на 31 октомври 2014. Оваа балетска продукција наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика,  Работена по музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“, соопшти НОБ.

Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Костимите и сценографијата во оваа раскошна балетска претстава ги изработи Павол Јураш од Словачка.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на Иван Еминовиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...