Балашевиќ се почестил со вила од 400.000 евра во Истра

Околу вилата на Балашевиќ има уште осум идентични вили на идните богати сопственици.

2963

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која издвоил 400.000 евра, пишуваат хрватските медиуми.

Вилата се наоѓа во малото питореско место Бртонигла, недалеку од Умаг.

Секоја од овие луксузни вили има повеќе од 200 метри квадрати. Освен тоа има и гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебни купатила, надворешна и внатрешна кујна, сауна и џакузи, базен од 40 метри.

Во близина на вилата се наоѓа и парк, а морето е на шест километри.

Околу вилата на Балашевиќ има уште осум идентични вили на идните богати сопственици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...