Во петокот вечерта две девојки се бакнале после рагби натпреварорт во Австралија, а до крајот на викендот нивната фотографија го обиколи светот.
Откако играле една против друга, партнерките Ванеса Фолиаки и Карина Браун емоционално се гушнале и бакнале по натпреварот. Бакнежот кој го фатил фотографот Адам Хед, а ја подели официјалната Фејсбук страница на НРЛ ( Национална Рагби Лига), веднаш предизвика внимание на јавноста.
Се пишува дека ова е голем чекор за лигата „ традиционално оптоварена со конзервативни и проблематични гледања кон различностите“. И додека реакциите воглавно биле позитивни, има и голем број негативни коментари.