Доказ во вид на снимка дека турските слаткари ја направиле најголемата баклава на светот е еден од најгледаните видео-материјали на „Ројтерс“ во изминатите 12 месеци.
Баклавата од 515 килограми, која е Гинисова рекордерка, настанала на Третиот меѓународен саем за туризам и гастрономија во Турција.
Нашиот Шеф Бобан Симоновски кој, меѓудругото, е познат по својата рибја чорба која ја подготвувал на еден кулинарски натпревар во Ниш и тоа во количина доволна за цел Ниш, со ресторанот „Еквилибриум“ кадешто е шеф на кујна, се подготвува да влезе во Гинис со огромната количина полжави кои планира да ги зготви.
Погледнете го видеото со баклавата на порталот „Арт кујна“.