Бакир Изетбеговиќ повторно е избран за претседател на Партијата за демократска акција (СДА) од Босна и Херцеговина.
Едногласната поддршка му ја изразија делегаците на денешниот 7-ми Конгрес на партијата, што се уште е во тек во Сараево.
Изетбеговиќ беше избран со акламација од 1.227 присутни делегати кои претходно, со мнозинство гласови и двајца воздржани, одлучија на ваков начин да го направат изборот на лидерот на партијата место со тајно гласање.
Изетбеговиќ, по изборот, им се заблагодари на делегатите и им порача дека „продолжуваат со работа“.