Баварија: Најлош резултат на сојузниците на Меркел од 1950 година

500

Христијанската социјална унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско-демократската партија на германската канцеларка Ангела Меркел, на денешните локалните избори во Баварија постигна најлош резултат од 1950 година.

Гласовите на ЦСУ отидоа на контото на ултрадесничарите, што е чекор наназад, кој носи ризикот од ширење на поделби во рамките на актуелната германската влада подложна на кризи.

Според анкетите на излезност објавени од страна на германската државна телевизија АРД, ЦСУ освоила 35,5 отсто од гласовите и со тоа го загуби апсолутното мнозинство во провинцискиот парламент вторпат од 1962 година, што е исход, кој сигурно ќе ги поттикне внатрепартиските битки во партијата која веќе претставува тежок партнер за Меркел во Берлин.

Според анкетите на излезност, на второ место е екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД), која за прв пат влегува во баварскиот парламент.

ЦСУ, која досега владееше сама, ќе мора да формира коалициска влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...