Македонските претставници на Евровизија, бендот „Ај Кју“, се на промотивна турнеја. Тие на својот профил на Инстаграм објавија дел од атмосферата во Ерусалим и во Тел Авив.
– Македонскиот тим со дел од швајцарскиот тим, духовно воздигнат во Ерусалим – објави бендот на официјалниот профил на Инстаграм.
„Ај Кју“ објави и фотографија од црвениот тепих на „Израел ве повикува“.
Традиционално, евровизиски делегации од Европа се собраа во Израел на четиридневниот промотивен настан наречен „Израел ве повикува“.
Македонските претставници на Евровизија настапуваат 11-ти по ред на првата полуфинална вечер на 8 мај, кога со песната „Изгубено и најдено“ ќе се обидат да се пласираат во финалето.
ФОТО:Instagram