Ајкула од опасниот вид „дем“ уловиле албански рибари

Четрстотината килограми месо беа брзо продадени за добра цена во рестораните во Валона.

380

Во мрежите на албански рибари од Валона, уловена е една од најопасните ајкули „дем“. Пленот е уловен на околу три милји од островот Сазан, долг е три метри а тежок околу 100 килограми.

Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност, после белата ајкула.

Тоа не е првпат албанските рибари во морските води да уловат ајкула. Меѓу повеќето, најголема е ајкулата од видот „тигар“ долга седум метри и тешка 400 килограми, уловена исто така кај островот Сазан. Месото од ајкулата-тигар важи за вистински деликатес во луксузните ресторани во светот.

Четрстотината килограми месо беа брзо продадени за добра цена во рестораните во Валона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...