Оние кои пијат кафе имаат помал ризик од смрт, во однос на оние кои не пиеле кафе во последните 10 години. Дури и оние кои пиеле најмалку осум шолји кафе дневно, забележале добри резултати, кога е долговечноста во прашање, покажува последното истражување објавено вчера во магазинот „JAMA Internal Medicine“.
Кафето содржи повеќе од 1.000 состојки кои би можеле да го објаснат позитивниот ефект, вклучувајќи и антиоксиданси кои ги штитат клетките.
Истражителите се фокусирале на инстант кафе, мелено кафе, како и кафе без кофеин.