Површината на Венера е толку жешка, што може да стопи олово за неколку секунди, а киселинските дождови веднаш може да пробијат еден космонаутски скафандер, па и вселенскиот брод. Сега астрономите откриле уште една причина зошто човекот уште долго нема да биде во можност ниту да се приближи до оваа наша соседна планета: електричните бури.
– Електричното поле на Венера е како небесно чудовиште, вели Глин Колинсон од Европската вселенска агенција. – Тоа поле е барем петпати поголемо од она на Земјата, Марс или пак на сатурновиот сателит Титан. Тоа е толку силно, што произведува „ветер”, што повеќе наликува на сончевите површински струења, отколку на обичниот развиорен воздух на Земјата – додава професорот.
Ова откритие можеби објаснува зошто Венера содржи многу помалку вода во споредба со Земјата, и покрај тоа што и двете планети ги содржат истите основни елементи. Кога сончевата светлина удира во молекулите на водната пареа во атмосферата, тие се распаѓаат на јони на водород и кислород. На Венера, електричното струење е доволно силно за да ги разнесе кислородните јони.