Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и нивните поранешни деловни менаџери, затоа што наводно му украле пари, но и за клевета, бидејќи велат дека боледува од деменција.
Тужбата е поднесена седум дена по барањето на неговиот син и ќерката да имаат контрола врз неговите финансии, затоа што тој „когнитивно паѓа“, пишува Би-би-си.
Во тужбата, од друга страна, астронаутот тврди дека синот, ќерката и поранeшната менаџерка Кристина Корп му ги поткопувале „романтичните врски“ и дека му бранеле да се жени.
Неговите деца, Ендру и Џенис Олдрин на суд, порано овој месец, рекле дека нивниот татко почнал да се поврзува со нови пријатели кои сакаат да го оттуѓат од семејството и дека ги троши парите со „загрижувачка брзина“.
Тужбата на Олдрин тврди дека неговито син и госпоѓа Корп неправедно ја преземале контролата над неговите финансии вклучително и милиони долари вредните вселенски сувенири и вселенски артефакти.
Освен тоа пензионираниот астронау тврди дека го клеветеле со години зборувајќи дека страда од деменција, дека го искористувале, му го одземале имотот.
Неговиот најстар син не е вклучен во тужбата.
Стручњак за психичко здравје именуван од страна на судот ќе ја процени здравствената состојба на Олдрин следната недела, а неговите деца велат дека се тажни поради „неоправданата“ тужба.
Осумдесет и осумгодишниот Олдрин е вториот човек кој одеше по Месечината. Тој беше член во екипажот на Аполо 11, која во 1969 година беше првата мисија која успешно приземји двајца луѓе на Месечината. Тој е еден од заговорниците за колонизација на Месечината.