Ракетата „Сојуз“ со тројца астронаути, која полета од Казахстан, успешно стигна до Меѓународната вселенска станица – соопшти руската вселенска агенција Рускосмос. Станицата се наоѓа во т.н. ниска орбита, на височина од 360 километри од Земјата.
Во ракетите беа астронаутите Давид Сен-Жак од Канада, Американката Ен Маклејн и Русинот Олег Кононенко.
Ова е прво лансирање по неуспешниот обид во октомври. Тогаш ракетата „Сојуз“ имаше проблеми по полетувањето. Двајцата астронаути во неа, со помош на автоматскиот систем за спасување беа вратени на земјата без поголеми проблеми. Следуваа четири лансирања на ракетата без екипаж, со цел да се подготви за патувањето до Меѓународната станица.
Ракетата „Сојуз“ е единственото средство за праќање астронаути во вселената. Таа е проект на шест вселенски агенции – на САД, Русија, Јапонија, Канада, Бразил и на ЕУ.