Астероидот во облик на череп повторно ќе мине крај Земјата

48

Астероидот во облик на череп, кој мина крај Земјата во октомври 2015 година (токму во периодот пред празникот Ноќта на вештерките), ќе се врати во почетокот на ноември, објави „Хафингтон Пост“.

Официјалното име на астероидот е „2015 B-145“, а научниците на НАСА го нарекуваат и „Големата тиква”. Се работи за тнр. „мртва комета”.

Пред три години, на радарските снимки на опсерваторијата Аресибо во Порто Рико, тој навистина наликуваше на череп.

ФОТО: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...