Сирискиот водач Башар ал Асад денеска се сретна со група руски пратеници, при што изјави дека ракетните напади на САД, Британија и Франција врз Дамаск и Хомс се „акт на агресија“.
– Од гледна точка на претседателот, ова беше агресија, а ние го споделуваме неговиот став n- изјави рускиот пратеник Сергеј Железњак за новинската агенција ТАСС, по средбата со Асад.
Според руските пратеници, Асад бил добро расположен и продолжувал да работи нормално. Друг руски пратеник кој учествуваше во делегацијата изјави дека Сирија успеала да го сузбие нападот со противракетни системи произведени од Советскиот Сојуз уште во 1970-ите години. Руски претставници тврдат дека најголем дел од ракетите биле соборени пред да ги погодат своите цели.
Пентагон вчера ги негираше овие тврдења, укажувајќи дека сите три цели сириски биле погодени, и со тоа значително бил ослабнат капацитетот на сириската армија во иднина да врши напади со хемиско оружје.