Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека „агресивните потези“ на поединечни западни држави против неговата земја само ќе ја засилат одлучноста на Сирија да го одбрани својот суверенитет.
– Неодамнешните напади само ќе ја засилат одлучноста на Сиријците да го бранат својот национален суверенитет и право сами да одлучуваат за својата иднина – посочи Асад по средбата со шефот на иранскиот парламентарен одбор за национална безбедност и надворешни работи Алаедин Боруџерди.