„Арчелор митал“ сака да ги повлече парите од Македонија и уште од 5 земји

Од Компанијата велат дека предложиле да ги повлечат средствата во Белгија, Чешка, Италија, Луксембург, Македонија и Романија.

1769

Компанијата „Арчелор митал“ до Европската комисија поднела предлози за повлекување на средствата, со цел добивање конкурентна дозвола од ЕУ за купување на италијанската компанија „Илва“, која е најголемиот производител на челик во светот.

Од Компанијата велат дека предложиле да ги повлечат средствата во Белгија, Чешка, Италија, Луксембург, Македонија и Романија.

Комисијата побарала повратни информации од конкурентите и клиентите за предложените концесии на „Арчелор“ пред да одлучи дали да го одобри договорот за компанијата „Илва“.

Се очекува таа до 23 мај да донесе одлука за договорот.

„Арчелор митал“ во јуни 2017 година склучи договор вреден 1,8 милијарди евра за да ја добие најголемата фабрика за челик во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...