„АрцелоМиттал“ станува „Либерти АД Скопје“

Се менуваат и членови на Одборот на директори кој го напушта Арун Падмакар Аннацххатре од Романија, а нов член на Одборот директорите станува Вириндер Бахадур Гарг.

227

Компанијата  „АрцелоМиттал Скопје“ (ЦРМ) АД го менува името во „Либерти АД за производство и промет со производи на црна металургија – ладно валан, поцинкуван и пластифициран лим Скопје“.

Новиот назив на компанијата „Либерти АД Скопје“ треба да го потврди Собранието на акционери на седницата закажана на 11 март.

Ова го соопшти компанијата на интернет страната на Македонска берза.

Собранието треба да донесе одлука и за промени во Одборот на директори.

Според соопштеното, Одборот на директори го напушта Арун Падмакар Аннацххатре од Романија кој беше независен и неизвршен член, а нов член на Одборот директорите станува Вириндер Бахадур Гарг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...