„Арс студио“ со ремек делото „Татковата куќа“ на Саемот на книга

278

„Арс студио“ ќе учествува на годинешниот Саем на книгата што ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Арс студио“ во соработка со Италијанската амбасада, в петок, на 4 мај 2018 год., за 14 часот закажа промоција на книгата „Татковата куќа“ од авторот Џорџо Монтефоски, како и средба со авторот.

„Татковата куќа“ е ремек-дело на авторот Џорџо Монтефоски, во кое целото дејство се одвива во Рим. Во еден семеен лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста. Трогателната нарација на Монтефоски достигнува апсолутни стилски врвови. Од перспектива на главниот лик е опишан животот на три генерации, нивните копнежи, радости, загуби и заемни семејни врски.

„Арс студио“ ве очекува на својот штанд, на 30-тиот јубилеен Саем на книгата, каде што ќе имате можност да го изберете вашето омилено дело од одличниот избор на книжевни дела и книги од областа на историјата, филозофијата, психологијата!

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...