Арсовски: Заеви ја напуштиле фирмата „Пауер“ откако таа добила 220.000 евра грант

Тој рече дека „фирмата со цел назив кој што беше нормално и скриен претходно „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов.

444

ВМРО-ДПМНЕ денеска обелодени колку пари субвенции и за кој проект добила фирмата „Пауер“ од Фондот за иновации и технолошки развој и обвини дека фирмата на семејството на премиерот Зоран Заев откако се повлекла од сопственоста откако бил доделен грантот.

– Еве ние ќе и соопштиме на јавноста, фирмата „Пауер АД ИНТ“ од Струмица во која косопственици беа Заеви со „Еленица“ преку Фондот за криминални иновации земале 13.588.652 денари или во евра за да појасно им биде на граѓаните 220.465 евра – рече портпаролот на партијата Димче Арсовски.

Тој рече дека „фирмата со цел назив кој што беше нормално и скриен претходно „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов.

Арсовски тврди дека семејството Заеви со „Еленица“ излегле од фирмата на 7 август 2018 година.

– Тоа е откако излезе скандалот со криминалните иновации, со испумпувањето на пари во ек на најголемиот скандал додека се случуваше „Еленица“ и Заеви излегуваат од сопственоста од фирмата на „Пауер“ која што добила 220.000 евра“ – изјави Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...