Министерството за одбрана ќе вработи пет психолози, советник за безбедност и заштита при работа раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации и двајца инструктори по англиски јазик
Според огласот, психолозите ќе бидат вработени во гарнизоните во Тетово, Штип, Кичево, Прилеп и Велес. Советникот за безбедност и заштита при работа ќе биде ангажиран во гарнизонот во Скопје, каде што ќе работи и раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации. Двајцата инструктори по англиски јазик ќе работат во гарнизонот Скопје.
Предвидената плата е 25.000 денари за лицата кои немаат работно искуство, а нивното работно време ќе трае од 8 до 16 часот.