Аријана Гранде страда од посттрауматско стресно нарушување

396

Американската пејачка Аријана Гранде изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување, предизвикано од минатогодишниот бомбашки напад на нејзиниот концерт во Манчестер.

Аријана Гранде за британското издание на магазинот „Вог“ изјави дека не сака да говори за сопствените трауми од овој настан, бидејќи многу луѓе полошо поминале од неа.

–  Не знам дали некогаш ќе можам да зборувам за тоа без да заплачам – истакна пејачката.

Во бомбашкиот напад загинаа 22 лица и околу 50 беа повредени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...