Арифи: Постапките на српската Влада се поттик за воведување нови такси

122

Шефот на кабинет на косовската Влада, Авни Арифи изјави дека постапките на Владата на Србија ги гледа како провокација и поттик за нови тарифни мерки.

Според него, писмото на српската премиерка Ана Брнабиќ, испратено до земјите кои ја признале независноста на Косово со барање да го повлечат признавањето, претставува „следен удар на напорите за нормализирање на односите“.

– Таквите постапки на српската Влада ги гледам како провокација и поттик за нови такси. Уште еден доказ дека тарифите треба да се укинат дури по меѓусебното признавање – истакна Арифи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...