Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија

217

Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина.

„Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста и постоечката ситуација. Но, ништо нема да предизвика губење на ниту метар од Косово. Суверенитетот и територијата на Косово се неповредливи од никого  по никоја цена. Ниту сега ниту било кога“, напиша Арифи на Фејсбук.

Реакцијата на Арифи следува по изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека „макар и еден метар од Косово“ да се врати на Србија, ќе го смета за успешен резултат на преговорите со Приштина.

– Барем еден метар од сето она што го изгубија (поранешните српски власти) успееме да вратиме, тоа е добиток, бидејќи денеска немам ништо, благодарение на оние кои до 2012-та ставија потпис на независноста на Косово – им изјави вчера Вучиќ на новинарите во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...