Арета Френклин првото дете го родила на 12 години, а второто на 14 години

Имињата на татковците на своите деца никогаш не ги открила, а грижата за нив ја преземале нејзините баба и сестра, за младата Арета да може да се посвети на музичката кариера.

460

Арета Френклин го родила првото дете кога имала 12 години, а второто веќе на 14-годишна возраст. Имињата на татковците на своите деца никогаш не ги открила, а грижата за нив ја преземале нејзините баба и сестра, за младата Арета да може да се посвети на музичката кариера.

На 19 години се омажила за Тед Вајт, мажот кој и бил нејзин менаџер и кој имал големо влијание на нејзините музички одлуки. Го запознала кога имала само 12 години. Теди го следел лош глас, го поврзувале со проститутки, но Арета во него имала многу доверба, бидејќи секогаш зборувал дека „ќе биде една од најголемите“.

Бракот им се распаднал по осум години поради наводното семејно насилство. Пејачката често на настапите доаѓала цела во модринки, а некои нејзини познаници тврделе и дека често ги гледале како се тепаат. Наводно тогаш почнала да пие и им се препуштила на пороците. По разводот, менаџер и станал нејзиниот брат Сесил.

Арета во 1970 година останала бремена со Кен Канингам кој и ги организирал турнеите. Никогаш не биле во брак, а наводно го изневерувала со членот на „The Temptations“ Денис Едвардс, кој подоцна тврдел дека таа своите момчиња ги „третирала како слуги“.

Во 1987 година се омажила за актерот Глајн Турман. Ги запознал нејзиниот син Кларенс. Тој од првиот брак имал три деца, а кога ја оженил Арета, сите се преселиле кај неа. Во брак биле шест години, но веќе по четири години од бракот почнале да живеат одвоено. Бракот им пукнал поради големиот притисок на јавноста.

Нејзината сестра Керолин еднаш изјавила дека Арета цел живот се чувствувала многу несигурно.

– Мислеше дека не пее доволно добро за пејачка, како и дека не е доволно убава за жена. Беше многу, многу несигурна – рекла сестра и.

Наводно Арета била исклучително љубоморна на сите свои колешки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...