Арета Френклин на смртна постела

Пејачката со години се бори со срцеви заболувања, гојазност и во неколку наврати има откажувано концерти заради медицински процедури за кои не се соопштувани детали.

419

Кралицата на соул музиката, Арета Френклин (76), е во критична состојба и е сместена во болница во Детроид, каде е опкружена со семејството, објавија странски медиуми.

Френклин настапуваше последниве години, но минатото лето откажа серија концерти по препорака на лекари, заради лоша здравствена состојба. Нејзиното семејство, забележа „Дејли мејл“, побарало приватност и ги замолило обожавателите на пејачката да се молат за неа.

Пејачката со години се бори со срцеви заболувања, гојазност и во неколку наврати има откажувано концерти заради медицински процедури за кои не се соопштувани детали.

Кариерата на Арета Френклин ја „обликуваше американската историја“. Таа пееше на погребот на Мартин Лутер Кинг во 1968 година. Арета е првата жена која доби свое место во Рокенрол халата на славните во 1987 година, а магазинот „Ролингстоун“ ја вброи меѓу уметниците на сите времиња.

Пејачката има освоено 20 награди Греми, вклучително и таа за животно дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...