Арапската лига и Палестинците го отфрлија мировниот план на Трамп

145
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

На вонредниот самит на Арапската лига во Каиро денеска е отфрлен американскиот мировен предлог за Израел и Палестинците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според францускиот весник „Монд“, на самитот на Арапската лига е оценето дека американскиот предлог е „неправеден и не ги почитува основните права на Палестинците“.

Во врска со ова, Арапската лига објави соопштение во кое се наведува дека лидерите на земјите-членки се обврзаа дека нема да соработуваат со американската администрација во спроведувањето на планот.

Според „Монд“, генералниот секретар на Лигата, Ахмед Абул Геит оцени дека ваквиот предлог на САД не придонесува за изнаоѓање мировно решение и порача решението да биде прифатливо за двете страни.

Палестинскиот претседател Махмут Абас, непосредно пред вонредниот самит на Арапската лига, најави прекин на „сите односи“, вклучително и безбедноста, меѓу палестинската власт од една страна и Израел и САД од друга страна.

– Овој план на САД претставува кршење на договорот од Осло, рече Абас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...