Осум илјади компании, според нивните финансиски резултати, можат да ј користат поддршката што им се нуди за инвестирање и за извоз. Ова денеска го соопшти министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска пред презентацијата на Планот на економски раст на Владата пред италијански бизнисмени во Стопанската комора.
– Првичната симулација покажа дека 7.000 компании можат да ги користат предвидените пари за поддршка, но со олабавување на условите се даде можност и текстилно-кожарската индустрија да може да аплицира за поддршката. Бројката, од сегашна прерспектива ќе изнесува околу 8.000 компании – рече Апостолска.