Апелациски суд на САД: Указот на Трамп против имигрантите е незаконски

73

Апелацискиот суд на САД ја одби жалбата на администрацијата во Вашингтон за реактивирање на указот на претседателот со кој се забранува давање прибежиште на имигрантите кои нелегално ја поминале границата на САД.

Судот ја разгледа жалбата и синоќа одлучи дека забраната може да е спротивна на законот.

Суд од пониска инстанца во Сан Франциско продложува да ја разгледува тужбата од граѓанските организации за незаконитоста на указот на Трамп, кој останува невалиден се додека судот не се произнесе во однос на тоа.

На почетокот на минатиот месец претседателот Трамп потпиша указ со кој се забранува давање засолниште на имигрантите кои нелегално ја поминале границата со Мексико. Претседателот побара на границата со Мексико да бидат распоредени неколку илјади американски војници како помош за пограничните служби, но Пентагон неодамна одлучи целосно да ги повлече.

Карванот од имигранти од Јужна Америка на границата со Мексико пристигна при крајот на ноември, кога пограничните служби применија солзавец и гумени куршуми за да ја запрат толпата од неколку стотици нелегални имигранти кои се обидуваа да се пробијат и да влезат на територијата на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...